Пентагон: Сирија и понатаму може да изведе „ограничени напади“
Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хемиско оружје, таа и понатаму има можност да изведе „ограничени напади во иднина“.
- Тие ќе имаат можност да изведат ограничени напади во иднина, не би го исклучил тоа. Сепак, додека ја разгледуваат динамиката за изведување на такви напади, мора да гледаат преку рамо и да да се загрижат дали ги набљудуваме и оти ќе имаме можност повторно да ги нападнеме, доколку тоа биде неопходнио, изјави директорот на Генералштабот на здружените вооружени сили на САД, генерал полковник Кенет Мекензи.
Портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт наведе дека не се пријавени цивилни жртви во минатонеделните ракетни напади, кои САД ги изведоа заедно со Франција и Велика Британија.
- Тоа е доказ за прецизноста на оружјето на САД и сојузниците, посочи Вајт.
Таа ги негираше наводите на Русија дека соборила значителен број на ракети.
- САД се убедени, но не и 100 отсто сигурни дека хемиското оружје се наоѓало на сите три места, што беа мета на нападите. На тие места најверојатно имаше хлор и сарин, наведе Вајт
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација