Свет
4. April 2016 - 23:48

Пентагон: Погодено местото на состанок на кој бил портпаролот на Ал Нусра

Пентагон денеска соопшти дека во американските воздушни напади на северозападот на Сирија е погодено местото каде што се одржувал состанок на претставници на Ал каеда, а на кој бил и портпаролот на Фронтот ал Нусра, Абу Фирас Ел Сури.

Портпаролот на Пентагон Питер Кук не можеше да потврди дека Сури е убиен, наведувајќи дека американската војска се уште „врши проценка“.

Кук не сакаше да прецизира дали нападот го извршило летало со екипаж или без.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во вчерашниот напад е убиен портпаролот на Фронтот Ал Нусра, поврзан со Ал каеда, неговиот син и уште 20 џихадисти.