-->
-->
Пенелопе Круз ја доби шпанската Национална филмска награда
-->
Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт.
Како што е наведено на официјалната интернет-страница, „жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сѐ она што го постигнала во нејзината кариера“. Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.
„Со својот огромен талент и извонредните изведби, Пенелопе Круз со десетлетија ја сместува нашата култура на врвот“, обави жирито на Твитер.
Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите