Македонија
11. March 2021 - 17:21

Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

 Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Седницата ќе одржи во кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.