Бизнис
17. September 2019 - 19:32

Пендаровски на средба со бизнис заедницата: Почитувањето на правото е клучно за развој на државата

Да се расчити со криминалот, случајот Рекет да се истера до крај, за да докажеме дека имаме правна државата каде законите важат за сите, дури и за високите функционери. Претседателот Пендаровски уште еднаш побара – владеење на правото, а не селективност. Пред влезот во НАТО и во очекување на датум за преговори со ЕУ,  вели дека мора да  докажеме дека законите функционираат.

Јас не се сеќавам дека сите овие години од осамостојувањето  до сега ниту еден висок фукнционер да завршил во затвор за злоупотреба. Не смее да има селективност, мора да докажеме дека законите функционираат, изјави Стево Пендаровски, Претседател на Северна Македонија.

А токму бизнисот бара владеење на правото, брза судска разрешница, консултација при носење на законите,  макроекономска, финансиска и политичка стабилност.

Сакаме да сме Глас на деловната економија, да привлечеме повеќе инвестиции, ние имаме морална етика, кое некогаш недостасува во оваа држава, изјави Штефат Питер, претседател на Совет на странски инвестиции.

Сивата економија, нелојалната конкуренција, преголемата регулација во одредени сектори, неусогласеност на финансиските и даночни прописи, неусогласеност на македонското со европското законодавство, се само дел од забелешките кои им пречат на инвеститорите.

Има различни стандарди кои мора да се менуваат, кај нас, во министерство за финансии има закони кои не се променети 10 години, знаете што значи тоа? Ај да се менунуваат на 3,4 години, а ама 10 да не се сменети? Тоа е огромно отстапување со европските закони, изјави Лидија Нануш член на УО на Дилоит .

Главниот проблем е што има недостиг на координација и фокус меќу државните институции, меѓу различните министерстав, изјави Јанис  Геруланос, директор на ОКТА.

Инаку Советот на странски инвеститори брои 130 членки, каде работат 50 илјади вработени. Постојано сугерираат што може да се подобри за полесно водење бизнис. Пишуваат и Бела книга со конкртетни забелешки и препораки.