Пендаровски на ИФИМЕС: Нова ера на Балканот ќе има кога тој целосно ќе се интегрира во ЕУ
Сè додека Западниот Балкан не се интегрира во Европската Унија, не можеме да очекуваме да исчезнат балканските омрази, а слабите економии и меѓуетничките односи да се подобрат, порача претседателот Стево Пендаровски на предавање наМеѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во Љубљана, на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.
Кабинетот на Претседателот информира дека говорејќи за случајот на Северна Македонија, претседателот Пендаровски рече дека со интензивен дипломатски ангажман за многу кратко време државата успеа да реши децениски прашања. Овој процес, според Претседателот, не беше лесен, затоа што мораше да се донесат тешки одлуки за многу чувствителни прашања за граѓаните. Според него, главната состојка во целиот процес била политичката волја.
Со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и со Преспанската спогодба со Грција, според претседателот Пендаровски, Северна Македонија се ослободи од товарот на минатото.
– Северна Македонија е единствена држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи. Истовремено, отворивме и нова можност за соработка и градење стратешки партнерства со нашите соседи, рече претседателот Пендаровски во предавањето.
Според него, најголема безбедносна закана за регионот е масовното заминување на младите луѓе. За нова ера на Балканот, според претседателот Пендаровски, може да се говори единствено преку интеграцијата во Европската Унија.
– Сè додека Западниот Балкан во целост не се интегрира во Европската Унија, не можеме да очекуваме дека сите балкански омрази, слабите економии и меѓуетничките односи ќе бидат подобри. Никој нема да може да очекува дека младите генерации, кои гo напуштаат регионот во масовни бројки, ќе запрат. Најголемата закана за националната безбедност за сите наши општества на Западниот Балкан е имиграцијата. Младите луѓе си заминуваат, заминуваат по подобар живот, по повисок стандард, по нормален живот, по мирен живот. Ако не ги започнеме преговорите со Европската Унија, со перспектива да ги завршиме што поскоро, а што поскоро се разбира не значи случајот на Црна Гора, која преговара седум години и се уште чека да ги отвори сите 35 поглавја, тогаш сме далеку од точката кога ќе можеме да кажеме дека сме ги затвориле сите овие прашања. По мое мислење, сето тоа треба да биде завршено, за сите земји што ги споменав од регионот, за максимум пет до шест години. Само така можеме да говориме за нова ера на Балканот, инаку ние повторно ќе зборуваме за конфликти, проблеми, за потпалувачка реторика, рече претседателот Пендаровски во предавањето на ИФИМЕС.
Претседателот Пендаровски престојува во официјална посета на Република Словенија, каде вчера во Љубљана беше примен од претседателот на Словенија, Борут Пахор. За денеска се предвидени средби со претседателот на Државното собрание на Словенија, Дејан Жидан, и со словенечкиот премиер Марјан Шарец
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање