Пендаровски и Шолц разговараа за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина
– Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, на која било разговарано за билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оцениле односите меѓу двете држави како пријателски, исполнети со доверба и заемно почитување.
Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, изразил благодарност за силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отпочнувањето на пристапни преговори со ЕУ.
На средбата, исто така, се разговарало и за безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски ги истакнал македонските позиции за руската воена агресија во Украина потврдувајќи ја цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
Двајцата разговарале и за процесот на проширување на НАТО, при што претседателот Пендаровски нагласил дека Северна Македонија е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата, а со членството на Финска и Шведска во НАТО дополнително ќе се зајакне безбедноста на Алијансата.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно