Балкан
28. May 2022 - 8:08

Пелеши: Албанија е безбедна, НАТО ќе реагира доколку се допре и педа од нашата земја

Албанскиот мнистер за одбрана Нико Пелеши изјави дека неговата земја е безбедна со НАТО, додавајќи дека доколку се допре и педа од земјата ќе реагира Алијансата.

– Албанија, рече тој, иако е мала земја е добар придонесувач во НАТО, нагласувајќи дека има присуство во Летонија,  во КФОР и во источното крило.

Според него зголемени се вооружените сили и оти со реконструкцијата воздухопловната база Кучово ќе  биде дополнително влијание за безбедноста на замјата.

– Албанија го зголеми придонесот во безбедносните фондови на НАТО. Освен воздухопловната база Кучово, создаваме база на податоци за итни случаи, Албанија ја воведовме во ерата на дигитамизација и овие податоци треба да бидат достапни за сите засегнати страни. Албанија иако е мала земја е добар придонесувач во НАТО.  Денеска сме присутни во Летонија,  имаме големо присуство во КФОР. Влеговме во НАТО и за зајакнување на источното крило  ќе бидеме присутни со еден вод во Бугарија, рече Пелеши.

Тој потврди дека Владата ги усвоила начелно протоколите на согласност за прием на Финска и на Шведска во НАТО и оти истите треба да ги ратификува Парламентот.