Фудбал
16. September 2015 - 14:08

Пелегрини разочаран по поразот од Јувентус

 Екипата на Манчестер Сити го претрпе првиот пораз во новата сезона, откако синоќа во 1.коло од Лигата на шампионите загуби дома од Јувентус со 2:1, иако имаше водство од 1:0.
 
Менаџерот на „граѓаните“ разбирливо не беше задоволен од исходот.
 
- Разочарување. Мислам дека не заслуживме пораз. Игравме подобро и имавме подобри шанси. Ова е карактеристичен натпревар од Лигата на шампионите, изјави Пелегрини.
 
Играчот од средината на теренот Јаја Туре истакна дека Јувентус добро се бранел и дека имал среќа во дуелот.