Пекинг и Москва заеднички го осудија американскиот самит на кој не се поканети
– Кинескиот и рускиот амбасадор во Вашингтон заеднички ја осудија одлуката на САД да ги исклучат двете земји од виртуелниот самит за демократија што ќе го организира американскиот претседател Џо Бајден во декември.
САД си дозволуваат да дефинираат „која земја е „демократска“ и која не ги исполнува условите за добивање на тој статус“, што го сметаме за дел од „менталитетот на Студената војна“, изјавија амбасадорите на Русија и Кина Анатолиј Антонов и Чин Ганг за конзервативното списание Нешнл интрест. „Ова повторно ќе ги разгори идеолошките конфликти и глобалните несогласувања и ќе го отвори патот за нови поделби“, предупредија дипломатите, повторувајќи ги критиките од официјален Пекинг и Москва во вторникот, веднаш штом беше објавен списокот од околу 110 земји и територии поканети на самитот.
Отфрлајќи ја идејата за унифициран модел на демократија, кинеските и руските дипломати беа полни со пофалби за режимите во нивните земји, кои, како што наведоа, се засноваат на кинеската „реалност“, односно руските „традиции“. „Нема потреба за загриженост кога станува збор за демократијата во Русија и Кина. Некои странски влади би било подобро да гледаат што им се случува дома. Можеме ли воопшто да зборуваме за слобода во земја каде што демонстрантите се растеруваат со гумени куршуми и солзавец?“, прашуваат амбасадорите. Обајцата го повикуваат Западот да не „се меша во внатрешните работи“ на други земји „под изговор за промовирање на демократските вредности“ и се заложија за „вистински мултилатерализам“ во рамките на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка