Живот
5. April 2016 - 12:54

Педофил мислел дека оди на состанок со 14-годишно девојче, но го пречекало непријатно изненадување

“Dark Justice” е тим од двајца мажи кои преку друштвените мреши сакаат да ги разоткријат падофилите и на тој начин да ги заштитат децата. Дејвид Хенсон (45) е само еден од многутемина кои ги фатиле.

На сајтот за запознавање “Badoo” оваа група направила лажен профил зад кој наводно се наоѓала девојката Ана. Хенсон почнал да се допишува со неа. Таа во порака му напишала дека на сајтол излажала дека има 18 години и дека всушност има 14, но тоа не му сметало на Хансон и тој без проблем ја продолжил перверзната комуникација.

Групата на тој начин дошла до многу докази, кои се доволни за понатамошна истрага, но се трудат и да договорат состанок. Нивниот принцип е во ниеден момент да не почнат разговор со сексуална конотација и многу се воздржани во таа смисла. Хенсон бил еден од оние кои се појавиле на договорениот состанок, а во ранецот имал кондоми и четка за заби.

Како што се договориле во пораките, тој требал да преспие кај неа, бидејќи нејзините родители биле отсутни. Межутоа, место Ана, Хенсон бил пречекан од екипата на “Dark Justice”. За време на краткото интервју, кое го прават со секој кој ќе се појави на состанокот, Хенсон се правдал дека немал намера да спие со девојчето, а во еден момент колабирал од преголемиот стрес.

Судот го казнил Хенсон со три години општо корисна работа и десетгодишна превенција.