Бизнис
29. August 2018 - 19:54

Пазарџиите немаат ништо против новиот закон се додека давачките не им се над 2000 денари месечно

Новите измени во Законот за зелени пазари се поволни за пазарџиите, но само ако нивните давачки бидат во висина од 2.000 денари. Тие се задоволни што конечно ќе добијат решение за своите проблеми.

Од Комората на трговци велат дека ова е многу подобро решение отколку фискализација, бидејќи во тој случај трошоците ќе бидат многу поголеми.

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека подзаконските акти на Законот за зелени пазари веќе се усвоени.

Законот во сила пред неколку месеци, но неопходни беа подзаконски акти за допрецизирање на одредбите со цел негова ефикасна примена во пракса. Законот се базира на барањата на тезгаџиите од 2005. и 2006. година.