Македонија
17. July 2018 - 16:22

Патријарх на БПЦ Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со Божја помош ќе и помогнеме на црквата

Бугарската православна црква и покрај критиките на СПЦ останува на ставот дека ќе стори се што може, согласно светите канони, да се признае автономијата на македонската црква. Во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС, бугарскиот патријарх Неофит вели дека признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, е „нешто во кое вреди да се вложи“.  Неофит, кој учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, во истоимениот храм во Софија, уште еднаш го потенцираше решителниот став на бугарската црква да има се помогне на, како што рече, браќата Македонци.

На ставот на СПЦ дека би било голема грешка ако вселенскиот патријарх донесе еднострана одлука за афтокефалност на „канонски непризнаените цркви во Македонија и во Украина, одговор практично дава Митрополитот Пруски Елпидофор од Вселенската патријаршија, кој изјави дека доделувањето на автокефалија на црквите е ексклузивно право на Константинопол

„Доделувањето на автокефалија на една помесна Црква веќе илјада 350 години припаѓа на јурисдикцијата и ингеренциите единствено на Вселенскиот Патријарх и на Цариградскиот Синод. Вселенската Патријаршија, без разлика што има право сама да додели автокефалија, како што е тоа посведочено од досегашниот историски тек на Црквата, таа не ги игнорира и другите помесни Цркви, вели Митрополитот Елпидофор.