Свет
14. December 2017 - 9:30

Патнички авион се урна во Канада

Авион на компанијата „Вест Винд" се урна во Канада. Во него се наоѓале 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот.

Авионот се урнал кратко време по полетувањето од аеродромот Фонд ду Лак, во Саскачеван.

Според првичните информации, неколкумина се полесно повредени. Нема извештаи за загинати.

На местото на настанот има спасувачи. Канадското Министерство за транспорт започна истрага.