Македонија
21. April 2020 - 8:29

Патиштата влажни, да се вози внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека се затворени сите гранични премини за излез и влез во државата, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и лицата со соодветна дозвола од МВР.