Македонија
21. November 2019 - 16:54

Партиите храбро пред избори, ќе трчаат без коалициска поддршка

Нема предизборни коалиции меѓу македонски и албански партии.

Резултатите од изборите на 12 април ќе покажат како ќе се формира идната влада, иако партиите од двата етнички блока разговараат меѓусебе за идна соработка.  

Владината коалиција СДСМ и ДУИ засега добро функционира, потврдуваат двајцата лидери Зоран Заев и Али Ахмети иако поединци од двете партии не сметаа дека оваа коалиција треба да се одржи.

И Ахмети вели дека има редовни средби и добри односи со Заев и покрај одредени разлики. Сепак, ДУИ се уште не води разговори со ниту една партија за соработка за следните избори, допрва ќе ја гради стратегијата за настап.

И од опозциската ВМРО-ДПМНЕ не планираат предизборна калиција. Велат дека се отворена партија која има конструктивни разговори со сите политички партии.

За нас е најважно да ги видиме резултатите од изборите која партија како тежи кај електоратот и потоа ќе разговараме за можни коалиции, каде што прво и најважно ќе биде да се поклопуваме во визијата, програмата, проектите и целите за Обнова Македонија.  Сепак живееме во мигови каде што Македонија нема друга шанса освен овие избори и најважно ни е да работиме заеднички на Обнова на Македонија.

Единствено засега стојат блоковите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ иако не исклучено промена на помалите партнери во овие коалции.

Неофицијално, партиски извори од Беса велат дека нема договорено ни заеднички настап на албанската опозиција. Алијансата на Зијадин Села се обидува да направи соработка и со БЕСА и со Алтернатива.