Бизнис
31. December 2021 - 11:56

Парното поскапува за 14%, во моментов не се размислува БЕГ да работи на мазут

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска на прес-конференција информираше дека цената на парното греење во Скопје од 1 јануари ќе се зголеми за 14%.

Дополнително, Бислимоски инофрмираше дека во моментов не се размислува и тој како експерт во енергетиката не препорачува префрлање на БЕГ да работи на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат.  Сепак доколку се дојде до некоја крајна ситуација да нема природен гас или неговата цена да биде екстремно висока опцијата стои како отворена.