Парламентарни избори во Португалија
Во Португалија денеска се одржуваат избори на кои се очекува да победи Социјалистичката партија и да обезбеди власт и во наредните четири години.
Земјата за време на социјалистичкиот премиер Антонио Коста, регистрира силно економско закрепнување со раст од 0,2 проценти во 2014 година до 2,1 процент во 2018 година, додека невработеноста падна за околу половина, на шест проценти.
Во Португалија, партијата што ќе освои најмногу од 230 места во парламентот дава мандатар кој составува влада и ја води земјата во четиригодишен мандат.
Функцијата на претседателот воглавно е протоколарна.
Според најновите анкети, Социјалистичката партија ќе добие нешто помалку од апсолутно мнозинство во парламентот, што значи дека ќе мора да преговара со другите левичарски партии, како што направи по минатите избори со Комунистичката партија и радикалниот Лев блок.
Право на глас имаат околу 10,8 милиони граѓани, од кои многу се Португалци кои живеат во странство.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница