Бизнис
19. October 2020 - 21:25

Парадокси: „Извоз на пари, увоз на коронавирус“

Македонците прават свадби во соседството, додека рестораните во земјава  повеќе од половина година се со клуч на врата. Изминативе денови на социјалните мрежи можеше да се види како некои граѓани одлучија да се веселат во земјите од регионот каде свадбите не се забранети. Угостителите бараат итно да се донесат протоколи. Велат побезбедно е да им се дозволи да работат и тие да ги организраат прославите според строго утврдени правила, отколку  граѓаните да прават свадби во околните земји, а потоа да се вратат тука без да им бидат направени било какви проверки.

Стравуваат дека со доаѓањето на зимата многу од угостителите ќе бидат принудени да затворат затоа што немаат летни тераси, а внатрешните делови им се многу мали.

Велат дека ниту мерката за ограничување на работното време за угостителските објекти до 23 часот, ниту забраната за групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот нема да дадат резултати.

Од владата засега не размислуваат за носење на протколи за организирање прослави.

Согласно протоколот за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана, се забранува организирање на прослави, како што се свадби, родендени, крштевки и слично. Значи, во моментов е забрането одржување ваков вид прослави, согласно ставот на Комисијата за заразни болести. Доколку, не се почитуваат препораките надлежните институции ќе интервенираат, се вели во дописот од владата.

Угостителите бараат и помошта во вид на грантови да се доделува согласно приходите кои се остварени претходната година. Секторот важи за еден од најпогодените од пандемијата.