-->
-->
Папата Франциск пристигна во Апостолска посета на Бугарија
-->
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници.
Во моментов на аеродромот е во тек средба на папата со премиерот Борисов. По завршувањето на средбата понтифот ќе се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
По разговарите на двајцата шефови на држави, папата Франциск ќе има средба со претставници на бугарските власти, на граѓанскиот сектор и на дипломатскиот кор.
Предвидено е папата потоа да ги посети патријархот себугарски и митрополит софиски Неофит и членовите на Синодот на Бугарската православна црква, по што тие ќе одржат молитва пред престолот на свети Кирил и Методиј во катедралната црква „Св. Александар Невски“. По молитвата на плоштадот пред катедралата ќе биде одржан антифон за Богордица познат како Regina Coeli, при што на папата ќе му биде подарена копија на иконата Пресвета Богордица од Несебар.
Во попладневните часови поглаварот на Римокатоличката црква ќе одржи света миса на плоштадот „Кнез Александар“.
Папата утре, на вториот ден од престојот во Бугарија, ќе го посети бегалскиот камп „Враждебна“ во Софија, по што ќе одржи миса во Католичката црква „Пресвето срце“ во градот Раковски, во близината на Пловдив, а во попладневните часови ќе го заврши официјалниот дел од посетата со молитва за мир на плоштадот „Независност“. Во вторник папата од Софија ќе допатува во Скопје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила