Свет
21. November 2019 - 15:51

Папата Франциск го осуди понижувањето на жртвите од трговијата со луѓе

Стотици илјади лица се собраа денеска во Бангкок на првата јавна миса на папата Фанциск во Тајланд, во текот на која, меѓудругото,тој го осуди понижувањето на жените и децата, присилени на проституција.

Обраќајќи се на публиката од 600.000 лица, папата рече дека сите тие, како мисионери, се дел од истото семејство и дека не можат да ги игнорораат членовите кои се сметаат за „нечисти“, пренесоа американските медиуми.

-Овде мислам на жените и децата кои се жртви на проституција и трговија со луѓе, со што се понижува основното човеково достоинство. Мислам на младите луѓе кои се робови на зависноста од дрога….Мислам и на експлоатираните рибари и питачите кои се заобиколуваат, рече папата.