Живот
19. January 2018 - 13:04

Паника во Британија: Волк побегна од резерват близу училиште, учениците не смееле да излезат надвор

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во близина на училиште во Рединг, јужна Англија.

Полицијата го бара животното, кое избегало откако силните ветрови ја урнале оградата на резерватот.

На учениците им е забрането да излегуваат надвор од училиштето, а на граѓаните им е порачано да не му приоѓаат на волкот ако го забележат.

Полицијата соработува со вработените во резерватот во обид да го најдат волкот, еден од десетте кои живеат во тоа живеалиште за диви животни.