Панел дискусија за зелени работни места
Македонија има огромни можности за стимулирање на нови работни места во зелената енергија, истакнаа денеска панелистите на отворањето на „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ со панел дискусија на тема „Работни места во секторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – дали образовниот систем е подготвен за успешна енергетска транзиција?“
Според Илија Насов од „Соларна Асоцијација Скопје“ рече дека во Македонија има повеќе сектори во кои има потреба од зелени работни места меѓу кои и во секторот соларна енергија.
- Соларната енергија има две групи на апликации, едната е фотоволтажна за добивање на електрична енергија, а втората за добивање на топлина. Ако во првиот период актуелна беше добивање на топлина, сега веќе доаѓа со други можности како што е добивање на електрична енергија и продажба на електричната енергига преку фотоволтаичните панели, истакна Насов и појасни дека тој сектор ќе има потреба од квалитетни кадри.
Соња Ристеска од „Аналитика Тинк тенк“ рече дека Македонија има потенцијал за зелени работни места и оти тоа треба да се развива.
- Според искуството од ЕУ посебно за можностите за вработување и обновливите извори на енергија, иако заостануваме во тие трендови, во позиција сме да учиме од нивните грешки и успеси и да ги примениме кај нас, истакна Ристеска.
Според Александар Дуковски од Агенцијата за енергетика на Република Македонија потребен е кадар во високо образовните институции кои ќе работата на развој на нови технологии и помош на индустријата со што ќе се овозможи атмосвера на имплементирање на мерките за обновливи извори или енергетска ефикасност.
Панел дискусијата која е во организација на Младинската еколошка организација Гоу Грин, Конрад Аденауер Фондацијата во Скопје и Мартенс Вилфред центарот за европски студии од Брисел ќе продолжи утре на Машинскиот факултет во Скопје.
Ново на Сител
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади