Loading Video...
Фудбал
4. September 2019 - 15:51

Пандев неизвесен за утрешниот меч против Израел

Фудбалска репрезентација од вчера е во Израел каде веќе утре ќе го игра петтиот натпревар од квалификациите за ЕП.    
 
Покрај Стефан Ристовски кој поради повреда сигурно ќе го пропушти мечот, како и Адеми кој дојде повреден, но ситуацијата е подобар па денеска тренира со останатите. Сепак, голема главоболка за селекторот е хематомот кој се појави кај капитенот Горан Пандев, па неговиот настап за утрешниот меч е неизвесен 
 
Израелците решија мечот да се игра на стадионот „Тото Тарнер“  во Бер Шева, а нашата селекција да ја сместат 80-тина километри подалеку, односно во Ашдод. 
 
Затоа селекторот Ангеловски на денешната задолжителна прес конференција кратко најави „Благодарност за гостопримството и ве уверувам дека во иста мера ќе им вратиме во Скопје. Имавме доволни време да ги видиме сите нивни градови“,
 
Утрешниот дуел меѓу Израел и Македонија ќе се игра во терминот од 20 часот и 45 минути.
 
Потсетување дека во последниот меѓусебен дуел и тоа одигран во Хаифа  пред две години (квалификации за СП), Македонија славеше победа со 1:0 со голот на капитенот Панде.