Фудбал
19. January 2016 - 14:48

Панчев: Очекувам блесок на Бабунски во Звезда

Меѓу оние кои му дадоа голема поддршка на Давид Бабунски во неговото преминување во Црвена Звезда е и поранешниот голгетер на црвено-белите  Дарко Панчев кој смета дека младиот македонски интернационалец направил коректен потег:
 
-Давид е талентиран и учен играч кој може уште да напредува, а тоа е добро за Црвена Звезда, -вели Панчев и додава:
 
-Звезда секогаш практикувала пас игра. Давид лесно може да се вклопи зошто одлично технички е поткован. На него е да се докаже, да се избори за место во екипата и да ги освои навивачите, -изјави популарниот „Кобра“ за „Спортски Журнал“