Фудбал
3. March 2021 - 10:19

Панчев: Македонија има извонредна средина: Адеми - Барди - Алиоски - Елмас

 

Во рамките на серијалот „МАКЕДОНИЈА на Европско“ во рамките на утринската програма Ја сакам Македонија гостин беше легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев.

За успехот на Македонија и пласманот на Европското првенство.
- Можам да кажам дека Македонија ја искористи шансата и избори пласман на Европското. Во ситуацијата кога игравме бевме подобри од Грузија и сметам дека ние имаме и подобар квалитет. Ова учество за Македонија е голем успех, а оваа генерација заслужи да влезе во историјата на македонскиот фудбал. Како ретко кога Македонија во овој состав има извонредна средна четири играчи кои имаат квалитет: Адеми - Барди - Алиоски - Елмас. Но, и целиот тим одлично функционира во двата правца (напред - назад), изјави Панчев.
Панчев во интервјуто зборуваше и за своите почетоци во Вардар, настапите за Црвена Звезда и репрезентативните дресови на Македонија и на Југославија.