Џет-Сет
9. November 2015 - 20:20

Памела Андерсон ја победи болеста и прослави со гола фотографија

После 16 години борба, актерката и модел Памела Андерсон тврди дека конечно успеа да се излечи од хепатитс Ц со еден нов лек, кој допрва ќе се појави на пазарот.

„Излечена сум! Туку што дознав дека повеќе немам хепатитис Ц. Многу сум среќна поради оваа вест, но тоа што ја добив оваа болест ми помогна да работам на својата самодоверба. Тогаш тоа ми изгледаше како смртна казна, но сега сфаќам дека тоа беше благослов“, вели Памела.
pamela
Инаку, Памела Андерсон дознала дека боледува од хепатит Ц во 2002 година. Како што вели, го добила од поранешниот сопруг Томи Ли, со кој еднаш ја делела иглата за тетовирање. Хепатит Ц е вирусна инфекција која нема особено изразени симптоми, но систематски го уништува црниот дроб и доведува до цироза.