Палмер: „Mал Шенген“ има поддршка од САД
„Мал Шенген“ е иницијатива која ветува и ја има нашата поддршка, изјави денеска во Женева специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
– Европската перспектива на Западен балкан, која беше основа за американско ангажирање во регионот подолго од 20 години, не се сменила и нема да се смени, изјави Палмер.
– Токму затоа, неможноста на Европскиот совет да постигне консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија беше толку длабоко разочарувачка. Но тоа не е последниот збор. Се надеваме дека Европскиот совет ќе може да го ревидира тоа прашање и да постигне напредок на средбата на лидерите во загреб, да го пронајде неопходниот консензус, да го отпочне тој важен процес и да испрати важен сигнал за регионот, потенцираше Палмер.
– Во меѓувреме, САД преземаат поголема улога на Западен Балкан, а ЕУ е во опасност да создаде перцепција дека се повлекува, самиот регион ја презема иницијативата. Посветеноста на Србија, Албанија и Северна Македонија да ја подобрат соработката преку иницијативата наречена „мал Шенген“ е демонстрација на тоа како лидерите преземаат одговорност за својата судбина и контрола над сопствената иднина, истакна американскиот функционер.
Според него структурата на иницијативата е отворена, и во неа има место за Црна Гора, БиХ и Косово.
– Тоа е иницијатива која ветува, има наша поддршка и за која сме посветени на работа во партнерство со лидерите од Западен Балкан за да постигнеме напредок, потенцираше Палмер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама минатиот месец во Нови Сад потпиша иницијатива за воспоставување таква зона, а повикани се и други држави од регионот да се придружат.
Ново на Сител
-
Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, вели Николоски
-
Николовски: Доколку Пендаровски го потпише Законот за попис ВМРО-ДПМНЕ ќе собере над 10.000 потписи од граѓани
-
Фајзер ја тестира својата вакцина за можна употреба кај деца
-
Дали е конечно затворено прашањето околу употребата на придавката македонски?
-
АстраЗенека: Испораките на вакцината за ЕУ ќе бидат помали од предвиденото
-
Заев: Во најскоро време се очекуваат првите вакцини од „Фајзер“
-
СП Ракомет: Пораз од Русија со 12 гола разлика
-
Џонсон: Новата британска варијанта на Ковид-19 може да биде посмртоносна