Палестинците го повикаа Генералното собрание на ООН да поддржи создавање на палестинска држава
Палестинците го повикаа Генералното собрание на ООН да гласа за резолуција која повикува на повлекување на Израел од окупираните територии во рок од 12 месеци, јави ДПА.
Овој предлог предизвика гнев од страна на Израел, кој го нарече „маскарада“. „Ве молам, застанете на вистинската страна на историјата, на страната на меѓународното право, на слободата, на мирот.
Алтернативата е она што го гледате секој ден на телевизиските екрани, и тоа што палестинскиот народ го трпи на својот грб“, изјави палестинскиот претставник во ООН, Ријад Мансур, во Њујорк.
Резолуцијата има цел да го зголеми притисокот врз Израел преку Генералното собрание на ООН да се повлече од окупираните територии. Гласањето за предлогот се очекува во текот на денешниот ден.
Израелскиот амбасадор Дани Данон ја нарече иницијативата „маскарада“.
Тој го критикуваше фактот што меѓународната заедница не го осуди теророт од страна на „Хамас“ по нападот на 7 октомври минатата година.
– Како се осмелувате да продолжите со еднострани резолуции против Израел, без да размислите за страдањето на израелскиот народ? рече Данон.
Ново на Сител
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол
-
Санкционирани осум лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми