Пахор во Анкара: Ризикот се уште постои на Западен Балкан и во Босна и Херцеговина
Колку подолго трае процесот на проширување на Европската унија, толку повеќе земјите од Западен Балкан ќе бидат изложени на руски апетити, затоа ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од овој регион каде што ризикот се уште постои, нагласи словенечкиот претседател Борут Пахор.
Говорејќи на 13-та конференција на амбасадорите во Анкара, Пахор рече дека руската војна против Украина „фундаментално ја поткопа и онака кревката доверба меѓу Западот и Русија“. Тој истакна дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина е изненадувачка и разочарувачка. Зборувајќи за добрите односи меѓу Словенија и Русија повеќе од 15 години до почетокот на војната во Украина на 24 февруари, Пахор рече дека неговата земја „никогаш не се чувствувала загрозена од Русија“, додека „пријателите од Источна Европа секогаш ја опишувале Русија како директна или индиректна закана за нивната безбедност“.
Сепак, како што рече Пахор, војната ги промени нивните врски со Русија. Словенечкиот лидер рече дека со сегашната ситуација предизвикана од војната, „развојот на нова блоковска поделба изгледа речиси неизбежен“. „Во новата геополитичка поделба, Западен Балкан ќе биде дел од западниот свет.
Но, тоа зависи од Брисел колку и од земјите од Западен Балкан. Колку подолго трае процесот на проширување на ЕУ, толку повеќе овие земји ќе бидат изложени на руски апетити или барем за зголемување на руското влијание“, рече Пахор.
Тој додаде дека ризикот во Западен Балкан и Босна и Херцеговина се уште постои и дека ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од тој регион.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица