Живот
23. October 2019 - 11:46

Овој зеленчук треба да се јаде варен

Честопати читаме и слушаме за тоа дека зеленчукот најдобро се консумира свеж, бидејќи е богат со витамини и минерали. Но, постои и зеленчук чии антиоксиданти подобро се апсорбираат ако претходно се свари.

Да се извлече максимумот од хранливите материи од морковите, белите компири, цвеклото, карфиолот и аспарагусот, најдобро е термички да ги обработите. На тој начин, подобро се апсорбира бета-каротенот од морковите, компирите, тиквичките и тиквата.

Секако, подобро е да јадете и таков зеленчук отколку воопшто да не го консумирате. Но, гответе го внимателно (доволно да омекне), но не премногу долго (за да не биде каша).