Живот
25. May 2018 - 20:46

Овие билки раздвоете ги во бавчата: Ни случајно немојте да ги садите заедно - нема да имате род

Овие билки не се сложуваат добро кога се посадени едени покрај други, па поради тоа подобро е да бидат засаденина поголема раздалеченост.

Кромид и грашок - сите видови на кромид оневозможуваат раст на грашок. За грашокот е посебно кобно доколку го посадите покрај лукот. Нему најмногу му одговараат коренести билки, особено репката, но и магдоносот, како и краставицата.

Пиперка и грав - овие култури често стануваат жртви на антракноза - габична болест која предизвикува формирање на црни точки, односно оштетување на површината како и опаѓање на плодот. Тие болести најчесто ги погодуваат тиквите, дињите, лубениците, малините, рибизлите и јагодите. Овие билки исто така не смеат да се садат покрај пиперките, грашокот и гравот.

Зелка и грозје - близината на зелката го загрозува вкусот на грозјето. Зелката сака да се дружи со нането, камилицата, рузмаринот, жалфијата и мајчината душица.

Зелена салата и брокули - зелената салата слабо расте покрај брокулите, но и доколку е засадена на земјиште на кое претходно биле засадени брокули.

Рен и репка - овие две билки треба да се раздвојат. На ренот најмногу му одговараат брокулите, карфиолот, зелената салата, кромидот.