Овие апарати од бањата се вистински убијци!
Познато е дека бањата е најопасен дел од куќата поради тоа што водата и струјата се на едно место. Сите знаеме дека е опасно да се капеме во вклучен болјер, но тој не е единствената опасност во нашите бањи!
Бојлерот не може да ве убие кога е исклучен, бидејќи тогаш водата не доаѓа до грејачот и бојлерот нема никакви шанси да експлодира, велат електричарите.
До струен удар доаѓа само ако за време на капењето е уклучен бојлерот кој има лошо приземјување. Според зборовите на експертите, бојлерот експлодира само пораи некаква неисправност. Доколку бојлерот е целосно исправен и приземјувањето е добро направено, тогаш е безбедно да го оставите вклучен за време на капењето, но тоа не е случај во нашите домаќинства. Затоа експертите советуваат секогаш, без оглед на тоа дали приземјувањето е добро или не, бојлерот да се исклучи пред влегување во када
Уредите како грејалка, болјерот, фенот за коса, па дури и мобилните телефони, се апарати кои можат да предизвикаат смрт во бањата.
За жал, колку и да изгледа безопасно, влегувањето во када завршило трагично за многу луѓе.
Струјните удари најчесто се случуваат преку бојлерот, но и преку чешмите. Забележани се случи во кои фенот за коса дошол во допир со водата.
Така во 2015 година еден тригодишник во Хрватска го изгуби животот откако фенот за коса му паднал во кадата во која родителите се бањале. Струјата и комбинацијата со вода може да доведе до моментална смрт поради застојот на работа на срцето или оштетување на мозокот.
До струен удар доаѓа ако во текот на капењето е вклучен болјерот кој има лошо заземјување.
„Многумина не знаат колку е опасна водената пареа. Имено, ако уредите не работат на водоотпорна заштита, електрицитетот може да се пренесе и преку влагата. Тоа значи дека редовно мора да ја проветрувате бањата, инаку ризикувате струен удар преку кој било апарат кој е неисправен“, објаснува еден електричар.
Ново на Сител
-
Кумановец со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек
-
Три лица се приведени за управување на возило под дејство на алкохол
-
Израел ги проширува операциите во централна Газа
-
Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”
-
Успешно евакуиран повреден планинар кај камењарот на Пелистер
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели
-
Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1 100 -1 200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери
-
Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово