Фудбал
19. May 2018 - 18:41

Овации за Буфон!

Екипата на Јувентус ја прослави 32. шампионска титула во Италија со победа во последното коло против Верона со 2-1. 

Централна фигура беше легендарниот голман на црно-белите Џанлуиџи Буфон кој по цели 17 години заминува од клубот во кој бранеше целиот свој живот. 
Легендарниот голман беше заменет во 64минута по што доби незапаметени овации од гледалиштето.