Живот
6. March 2017 - 11:55

Оваа фотографија стана хит на интернет - Погледнете зошто!

На интернет забрзано се шири застрашувачка слика која наводно настанала вo eдeн oд поголемите градови во Замбија, Китње.

На неа, како што тврди авторот, на небото се гледа Дементор - едно од најстрашните суштества од сагата за Хари Потер.

Човекот што ја направил фотографијата, раскажува дека го следел „чудовиштето“ 30 минути. Некои од луѓето околу него почнале да се молат, а други пак, едноставно побегнале, раскажува тој.

Секако, важно е да се нагласи дека фотографијата најверојатно е фотомонтажа или пак се работи за необичен облик на облак.