Живот
24. July 2015 - 10:36

Оваа баба има 86 години и наплатува по 300 евра за секс - А еве кој и плаќа!

Дека за најстариот занает на светот никогаш не е доцна, докажува веројатно најстарата продавачка на љубов на светот. Поради нејзината професија нејзината фамилија не разговара со неа, но затоа дваесетгодишни момчиња се борат за неа.

Шила Вогел-Купе е проститутка која е длабоко навлезена во својата деветта деценија од животот. Таа има по десетина клиенти неделно, а некои од нив имаат по 20 години.

- Јас многу сакам секс. Сакам да се дружам со мажи, а ми доаѓаат и многу млади момчиња. Се сретнуваме во хотел. За еден час секс плаќаат околу 300 евра. Имам стални муштерии кои се многу мили, ми носат подароци, отворена и искрена е оваа Британка.

Шила се занимава со проституција во последните неколку години, а со најстариот занает на светот почнала бидејќи била осамена. Сепак Шила не се смета себеси за проститутка.

- Хм, дали тоа е проституција? Вие може така да мислите, но јас не. Не се сметам за проститутка. Повеќето од моите клиенти велат дека сакаат да бидат љубени, вели Шила и додава дека добро се грижи за себе. Задоволна е со својот изглед и редовно посетува доктор.