Живот
24. March 2016 - 15:57

Ова е ужас: Со желатин си растопи половина од своето лице!

Се ближи денот кога сите шеги едноставно мораат да се опростат. За овој први април луѓето можете да ги шокирате со нешто потполно ново и невообичаено "ефект на растопено лице". Ваква маска сигурно никој нема да заборави.
 
Познатата јутуберка JoomBoosa Андреа Фарбик објави виде во кое покажува феноменален шминкерски ефект на растопено лице, а уште поважно е тоа што таа демонстрира како самите тоа да го направите. Припремете млеко, желатин и пудра, а потоа ви преостанува само да пронајдете жртва која со сигурност ќе ја шокирате со вашиот изглед.
 
Трикот е многу едноставен, а се користи во филмската индустрија. Можете да го користите и за одредени забави во кои се користат маски, а со него ќе станете орка од Господарот на прстените или озлогласниот капетан Барбоса од Пиратите на Карибите.
 
Колку е моќна силата на шминката, тоа видовме во безброј туторијали кои секојневно се појавуваат на Интернет. Но таа не служи само за прикривање на несовршеностите на лицето, туку и спротивно може и да ги створи.