Балкан
25. July 2018 - 9:31

Ова е доказ дека ужасните пожари во Грција се подметнати: Се појави снимка од човек како ги пали дрвјата

Експертите, со оглед на начинот на тоа како пламна пожарот во Грција, мислат дека е подметнат.

Видео снимката која ја направија туристи во оваа земја, а на која се гледа непознато лице како пали дрвја, можеби е доказ сомнежот да се оправда.

Видео-снимката на која се гледа маж како ги пали дрвјата и грмушките околу него, се појави во грчките медиуми. Според наводите снимката не настанала во оваа област, но медиумите ја објавиле за да укажат на тоа што се може човек да направи кога ќе запали и најмала искра во природа.

Непознатото лице за кое се сомнева дека е или пироман или терорист, запалил оган, а кога ги видел луѓето побегнал во непознат правец.

Врз основа на снимката не може да се извлече заклучок зошто мажот го направил тоа. Меѓутоа, секој знае дека доволна е само една искра во шума за да избие голем пожар.