Бизнис
28. September 2015 - 8:44

Отворени денови во Скопски катастар

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до петок, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, организира отворени денови за жителите од општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

Граѓаните кои претходно закажаа термин со тимовите на Катастарот, од 9 до 17 часот ќе можат да се обратат за информација или решавање проблем.

Од оваа година заедно со стручните тимови на Катастарот ќе бидат и тимови од Управата за имотно-правни работи, со цел граѓаните да можат веднаш да си го решат проблемот или да ја добијат потребната информација.