Отворен 15-от фестивал „Албански театар во Македонија“
Во Центарот за култура во Дебар синоќа беше отворен фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој по петнаесетти пат се одржува во Дебар.
На отворањето настапија актерите од Кумановскиот театар-албанска драма со комедијата „Болен за ум“ од Молиер во режија на Ахмет Јакупи, кои за изведбата беа поздравени со бурен аплауз од многубројната публика.
Фестивалот за отворен го прогласи Башким Машкули, претседател на Советот на Општина Дебар, кој вети понатамошна поддршка од локалната власт за овој фестивал.
За директорот на фестивалот, Илбер Нуредини, и овој 15-ти фестивал со изборот на претстави ќе ја потврди својата успешност.
- За да биде она што е денес овој фестивал, им се заблагодаруваме на сите оние кои придонеле во подготовката, организацијата и одржувањето на фестивалот. Посебна благодарност до Министертвото за култура на Република Македонија, Општина Дебар, Центарот за култура и други донатори со чија поддршка фестивалот опстојува, рече Нуредини.
Во шест фествалски вечери ќе бидат изведени осум претстави на ансамбли од Македонија, Албанија и од Косово, од кои една е вон конкуренција. На последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите