Македонија
11. January 2019 - 16:34

Отсечени села на скопска Црна Гора, ниските темпертури предизвикуваат проблеми и во градовите

До селата Брест, Танушевци и Малино на Скопска Црна Гора се уште нема пристап. Снегот ги отсече овие населени места а во дел од нив веќе неколку дена нема ниту електрична енергија. Улиците во главниот град се чисти. Апел до граѓаните кои не ја  исполниле својата законска обврска, да ги исчистат влезовите и патеките кои водат до нивните домови и дуќани. Минусни температури следуваат и во наредните неколку дена. Поради замрзнување утрово пукна хидрант во зградата на МРТВ каде се сместени повеќе министерства. Поплавени и без струја се првите два ката и приземјето. Дефектот настанал во простории кои ги користи МВР. Од Владата информираа дека дефектот е саниран. Струјата била превентивно исклучено но не постои опасност од пожар. 

Дел од граѓаните креативноста ја покажаа на дело па на своите приватни возила прикачија плуг за полесно да ја исчистат патеката. 

ОД ЦУК информираат тешко проодни се  патните правци во Плачковичкиот регион, регионалниот пат Крушево – Пуста река,  селата од општина Старо Нагоричане.  Снежна блокада има и на патот Ранковце – с. Герман а во овој регион отсечено е и селото Дренак. Отежнато е движењето за автомобили до повисоките села во Охрид и Струга. Забраната за движење на тешки товарни возила се уште е на сила за  патните правци Маврово – Дебар, Ресен – Битола, Стража, Пресека, Прилеп- Македонски Брод, патот кон граничен премин Ќафасан како и патот кон Попова шапка каде забраната важи и за автобуси. За останатите возила задолжително е користење на зимска опрема.