Свет
20. December 2018 - 15:11

Откриено зошто Путин нема мобилен: Рускиот претседател му верува само на добриот стар фиксен телефон

Претседателот на Русија Владимир Путин не користи мобилен телефон затоа што тој уред подразбира подготвеност за целосна транспарентност, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Спроед зборовите на Песков, користењето на смартфони е „доброволен егзибиционизам, целосна отвореност“. Оној момент кога некој ќе го земе смартфонот во раце, корисникот прифаќа да стави се на „повелете“, уверен е претставникот на Кремљ.

„Секако, претседателот тоа не треба да го прави, посебно не претседателот на таква земја како што е Русија и претседател како што е Путин“, рече Песков, додавајќи дека „добрите стари теелфони со затворена врска ќе ги надживеат сите паметни телефони“.

Тој објасни како се подготвуваат информативните материјали за шефот на државата.

Според неговите зборови, се уште се користи печатач и дајџести на хартија.

„Претседателот, исто така, понекогаш користи интернет и, традиционално телевизор“, објасни Песков.