Балкан
30. April 2016 - 12:37

Откриено кој е вмешан во убиството на Јелена

Истрагата во врска со убиството на Јелена Марјановиќ, веќе 28 дена не даде резултати и поради тоа полицијата почнала да ги испитува и блиските на нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ. Како што дознаваме инспекторите се усмериле и спрема членови на еден нарко клан Карабурма.
 
Цврсти докази за свирепото убиство засега нема. Иако на почетоткот се сомневале во семејството Марјановиќ, сепак овој случај полицијата го проширила и со нивни приватни и работни контакти. На информативен разговор се приведени пејачи и соработници, но и луѓе со криминални досиеја. 
 
Полицијата длабоко верува дека Зоран Марјановиќ има врска со убистовто, па макар да знае кој може да и наштети на Јелена, но од страв или некоја друга причина тој молчи.
 
Во тој случај не се исклучува можноста дека Јелена настрадала од освета на Зоран поради некои раобти, долгови или нешто сосема друго. Поради тоа полицијата ја проширува истрагата со сите кои биле во контакт со Јелена и Зоран.
 
Како што поминува времето така белградската криминална полиција црпи од сите извори за некако да ја заврши работата за овој случај. Секојдневно соработува со мештаните на Црвенка бидејќи секоја информација многу им значи.
 
Меѓутоа тоа што сега останува чудно е тоа дека изјавите на некои мештани не се поклопуваат со изјавите други. Тоа што ги чуди е дека полицијата не знае ни каде е, ни кога е убиена Јелена Марјановиќ. Познато е само дека таа е усмртена со 30 удари со палка, која исто така не е пронајдена.
 
- Земени се и камерите од обиектите кои се наоѓаат во близина за да се види кој во тие 48 часа доаѓал на насипот. Убедливо на повеќе пати е виден авотмобил кој е во сопственост на Зоран Марјановиќ. Тој тврди дека на насипот доаѓал во потрага по Јелена.
 
Пејачката на гранд е пронајдена мртва на 3ти април оваа година насипот во Црвенка. Тогаш е приведен нејзиниот сопруг, кој по 48 часа е пуштен од полициски притвот, бидејќи немало доволно докази против него.