Балкан

Откриени околу 320 килограми канабис во возило на брза помош во грчкиот град Игуменица

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама.

Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони.

Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.