Loading Video...
Свет
15. December 2020 - 16:35

Откриена е нова мутација на Ковид-19 на југот на Англија

Откриена е нова мутација на коронавирсот која брзо се шири на југот на Англија објави британскиот минситер за здравство. За само неколку денови новиот мутиран вид е идентификуван кај најмалку 1000 луѓе  соопшти министерот.   Британските научници прават детални студии, а за ситуацијата е известена Светска здравствена организација.

Рускиот претседател му ја честиташе победата на Џо Бајден на американските претседателски избори. Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас напиша Владимир Путин во пораката до Бајден. Честитката дојде  откако изборниот колеџ на САД и формално го избра Бајден за претседател

-Пламенот на демократијата одамна гори во оваа држава.. И сега знаеме дека ништо –дури ни  пандемијата- или злоупотреба на моќ – не може да го изгасне тој пламен. Ќе бидам претседател на сите Американци рече Џо Бајден.

Доналд Трамп и натаму одбива да прифати пораз и продолжува да обвинува за изборни измами.

Американските сакнции се голема грешка и тоа може да им наштети  на билатералните односи помеѓу САД и Турција  реагираше турскиот претседател. Санкциите се насочени кон секторот за набавка на оружје, а се одговор на  набавката на рускиот систем за противвоздушна одбрана С 400.

-Од нашиот НАТО сојузник САД очекуваме поддршка во борбата против терористичките организации и сили кои имаат планови за нашиот регион,а не санкции изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Труција.

Со купувањето на рускиот с 400 , Според некои воени експерти Турција испрака сигнал  до САД и другите сојзуници дека сака да биде суверена во одбраната на својата територија. С-400 е развиен за уништување на борбени авиони, крстосувачки и балистички ракети, како и дронови.