Откриен нов антибиотик, ефикасен против отпорни бактерии
Научници открија нов антибиотик, кој е исклучително ефикасен против бактерии отпорни на веќе познати антимикробални агенси.
Антибиотикот е пронајден во примерок од земја во Италија, поточно во бактерија која се наоѓа во земја и наречен е „псевдоуридимицин“ или ПУМ.
Антибиотикот успешно елиминира широк спектар бактерии во лабораториски тестови и излекувал глувци инфицирани од шарлах. Деталите се објавени во научниот журнал во САД, Сел (Cell).
Псевдоуридимицин неутрализира ензим под име полимераза неопходен за речиси сите функции на секој организам, а поради механизмот на акција, новиот антибиотик има десет пати помала шанса да предизвика имунитет на своето дејство отколку сите останати лекови на пазарот.
ПУМ успешно елиминирал повеќе од 20 видови бактерии во експриментални услови и се покажал исклучително ефикасен против стрептококи и стафилококи.
Клиничките проби ќе почнат во следните три години додека антибиотикот се очекува на пазар во следните десет години, соопштија научници од Ратгерс-Њу Брунсвик универзитетот во Њу Џерси и од италијанската биотехнолошка компанија Најконс.
Тие наведуваат дека тоа откритие покажало дека бактериите пронајдени во земја се најдобар извор на нови антибиотици.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд