Спорт плус
3. April 2021 - 9:10

Откажана Универзијадата во Кина

Универзијадата во Кина, што беше предвидена за август годинава, е одложена за 2022 година, поради пандемијата на коронавирус.

Универзијадата требаше да се одржи во градот Ченгду, а церемонијата на отворање беше планирана за 18 август, само неколку денови по завршувањето на Олимписките игри во Токио.

Меѓународната студентска спортска федерација (FISU) соопшти дека одлуката за одложување е донесена и поради компликациите поврзани со патните рестрикции.

На годинешната Универзијада во Кина се очекуваше учество на околу 8.000 спортисти.

Кина во 2022 година ќе биде домаќин на две големи спортски манифестации – Зимските Олимписки игри, во февруари, и Азиските игри идната пролет.