Македонија
13. July 2017 - 16:22

Освен Дачиќ и Вучиќ смета дека Србија згрешила што ја признала Македонија под уставно име

Српскиот државен врв е единствен во позицијата кон Македонија. Српскиот претседател Вучиќ се согласува со изјавата на шефот на дипломатијата Дачиќ кој пред два дена изјави дека се кае за признавањето на македонија под уставното име.

„Србија во иднина ќе се води само од своите интереси и ќе им помага пријателски на оние кои се нејзина страна и кои помагале во зачувувањето на принципите на меѓунаеродното право. Во таа смисла грчките пријатели може да сметааљт на нашата поддршка“, изјави српскиот претседател по состанокот со грчкиот премиер Алексис Циприс во Солун.

Потенцираше дека нема несогласувања со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ поо прашањето на Макеоднија.

„Да сум сакал да го критикувам или демантирам Дачиќ тоа и ќе сум го направел. Очигледно е дека тоа не сум го направил“, појасни Вучиќ.

Српскиот претседател потенцираше дека Грција никогаш не ја признала независноста на Косово и била секогаш на страната на Србија во критични моменти. Вучиќ оцени дека во минатото Србија не доволно го вреднувала тој факт.

Српскиот претседател на средбата со Ципрас изразил надеж владите во Скопје и Атина да постигнат најдобар можен компромис од кој двете страни би излегле задоволни во интерес на регионот.

Макеоднскиот министерз а надворешни работи Никола Димитров пред два дена изрази жалење за изјавта на српскиот колега потенцирајќи дека двата пријателски народа преферираат односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух. Од вмро дпмне пак реагираа дека земјата нема полза од жалењето на димитров иуд ека владата во континуитет ги урива позициите и достоинството на земјата.