Македонија
4. October 2022 - 14:53

Осум товарни моторни возила исклучени од сообраќај, 14 на вонреден технички преглед на територија на СВР Битола

На територија на СВР Битола денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

Од МВР информираат дека се контролирани 107 возила при што осум возила се исклучени од сообраќај, а 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед.

– Изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото, а при контролата санкционирани се и 11 останати прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.