-->
-->
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
-->

Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.
- Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово, информира СВР Тетово.
Поради вршење на увид, сообраќајот синоќа до 23:00 часот се одвиваше по една коловозна лента.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
